Категории

Детокс маска која ќе го подобри изгледот на вашата кожа!

Редовната нега на кожата на лицето е клучен фактор за убаво и здраво лице. Со помош на оваа маска за детоксикација на кожата вашето лице ќе биде сјајно и мазно.

Потребни состојки: јогурт, кафе и куркума

Предности на состојките:

-Кафето содржи многу антиоксиданси и помага кожата да биде цврста и млада.

-Јогуртот го отстранува вишокот на маснотии од кожата на лицето. Ја храни и хидратира кожата и ја остава мека и нежна.

-Куркумата ги смирува иритациите и е задолжена за здрав сјај на кожата.

Подготовка на маската:

Помешајте ги сите состојки и направете хомогена смеса. Нанесете ја маската на чиста кожа и оставете ја да делува 20 минути. Исплакнете го лицето со вода на собна температура. Не заборавајте нежно да го масирате лицето за да ја стимулирате циркулацијата. За најдобар ефект нанесувајте ја оваа маска 2-3 пати неделно.

Прегледи:
796
Објавено на:
28.02.2019