Категории

Џеј Ло открива кои се клучните модни парчиња кои го прават секој стајлинг непогрешлив

Таа е една од најдобро стилизираните дами која неколку пати ја носеше титулата модна икона

Во интервјуто за InStyle, Џенифер Лопез проговори за тоа кои модни парчиња се нејзини омилени и смета дека со нив никогаш не може да се направи модна грешка.

„Сите мои наочари за сонце одговараат на поинакво расположение и поинаква вибрација. Можам да ги искомбинирам со било што, било да носам спортска гардероба или нешто гламурозно“, откри Џеј Ло која неодамна призна дека е вистинска „зависничка“ од овој моден аксесоар.

Наочарите за сонце се задолжителен моден додаток во нејзината гардероба и во текот на зимските денови, таа обожава предимензионирани модели кои можи да ги носи секогаш.
Таа откри и кои парчиња се нејзинин фаворити.

„Сакам добар statement или убав капут во неутрална нијанса кој се носи преку се. Што и да имам на себе, со него автоматски ќе изгледам дотерано. Во комбинација со добри наочари за сонце и обетки, тоа е вистински моден погодок“, заклучи таа.

Прегледи:
416
Објавено на:
05.12.2019