Категории

Џеј Ло сепак не е толку совршена и користи фотошоп на фотографиите? Погледнете како изгледа на плажа!

Иако таа е идол на многу жени поради изгледот кој го поседува, фотографиите кои допреа до јавноста докажуваат дека ни Џенифер Лопез не е совршена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


Имено, популарната пејачка се опуштила на романтичниот одмор на Бахамите, каде што ја запроси нејзиниот дечко Алекс Родригез. За таа пригода, Џенифер е фотографирана во дводелен костим кој ги открил нејзините недостатоци, иако многумина очекуваа перфектно рамен стомак и совршена витка фигура.

Со оглед на тоа дека таа е во петтата деценија од животот, нема сомнежи дека Џеј Ло изгледа одлично, но очигледно е дека и таа е уште една во низата светски ѕвезди кои се служат со фотошоп за да изгледаат беспрекорно во виртуелниот свет.