Категории

Доаѓа лето: Подгответе ги стапалата за сандали!

Кога зборуваме за грижата за телото, слободно можеме да кажеме дека стапалата се најзапоставениот дел од нашето тело. Пристигнува времето за сандали, па затоа треба да размислиме на своите стапала да им пружиме соодветна нега.

Со помош на овие едноставни совети, стапалата повторно ќе бидат меки и убави:

  • Етерично масло

Во топла вода капнете неколку капки етерично масло. Етеричните масла помагаат во борбата против габичните инфекции и бактериите, а воедно ја омекнуваат кожата на стапалата. Покрај антибактерискте својства, по оваа купка за стапала поедноставно ќе се ослободите од старата кожа.

  • Добра турпија за пети

По омекнувањето на кожата, најдобро е наслагите на кожата да ги отстраните со турпија за пети за вашите стапала повторно да бидат мазни и нежни.

  • Хидрација на стапалата

Кога ја хидрираме кожата по туширањето, на стапалата најчесто забораваме. Овој пат време е да размислите и на своите стапала, па богато да ги намчкате со крема за хидрирање по секое туширање.

Прегледи:
617
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
08.05.2019