Категории

Доколку ја отстранувате шминката на овој начин – тоа го уништува вашиот тен

Многу жени не се свесни за грешката која ја прават во нивната рутина на вадење шминка и тоа претставува заказа за нивниот изглед и убав здрав тен

Темелното и правлно вадење на шминката е еден од главните фактори кои влијаат на изгледот на кожата на лицето. И колку да се работи за лесна шминка која ја користите, таа мора да се отстранува темелно од лицето, затоа што во спротивно тоа ќе создаде огромни проблеми.
Доколку шминката се задржи на лицето, таа можи да ги затни порите и да влијае врз изгледот и пигментацијата на кожата, може да предизвика акни кои се болни и тоа воошто не изгледа убаво. Освен тоа, неадекватното чистење на кожата прави таа да делува уморно и дехидрирано.

Најголемата грешка е отстранувањето на шминката со помош на влажни марамици.
Тие само наизглед ја отстрануваат шминката и прават да ви се чини дека вашето лице е сосема шисто, но напротив, шминката и понатаму останува длабоко во порите што ги затвора и може да предизвика создавање на многу проблеми на кожата.
Друга грешка е тоа што жените мислат дека влажните марамици го отстрануваат целиот мејкап и веднаш преоѓаат кон миење на лицето со вода и нанесување на препаратите за нега и сето тоа е сосема погрешно.
Кожата треба да се чисти со млеко или мицеларна вода наменета за нејзиниот тип кои целосно ќе ја отстранат шминката, после тоа следниот правилен чекор е користење на благ гел за лице кој ќе ги отстраните сите нечистотии од порите, и за крај се употребуба тоник кој ќе помогне во изедначување на тенот. Потоа се проследува кон употреба на кремите и серумите.

Прегледи:
481
Објавено на:
25.09.2019