Твојата продуктивност не ја одредува твојата вредност.
Твојата продуктивност не ја одредува твојата вредност.
Секако, живееме во свет кој буквално бара од тебе да имаш планови и да бидеш активен цел ден, но сосема е во ред понекогаш да немаш никакви нешта кои треба да ги исполниш.
Сосема е во ред ако има денови кога немаш премногу енергија и не си постојано во трчање.
Ти не си мрзелив, нити тоа значи дека немаш никого покрај себе. Понекогаш е потребно да издишеш, да земеш време за себе, да го намалиш своето темпо.
И онака ќе постојат премногу предизвикувачки и стресни денови во твојот живот, на секому понекогаш му е потребен спокој за да може да го испланира својот следен чекор.
Да се насочи себеси кон нова цел и да открие што всушност му треба.
Наместо да се обвинуваш себеси дека си непродуктивен поради тоа што поминуваш време со своите миленици, семејството, гледаш ТВ и слушаш музика, биди благодарен за тоа мирно време.
Иако можеби не изгледа како најкорисното време во твојот живот, секако дека во тоа постои значење.
Не го губиш време, затоа што на овој начин ќе се стекнеш со енергијата која ти е потребна за да ги пребродиш напорните денови. Тоа ќе те направи поцврст, на секому му е потребно тоа, немој да бидеш премногу суров спрема себеси.