Категории

Долг капут – Задолжително модно парче за студената сезона

Долгиот капут е модно парче во кое дефинитивно вреди да се инвестира кога е во прашање зимската гардероба

Со паѓањето на температурите сакаме на нас да имаме нешто кое ќе не стопли и ќе не штити од студот но исто така ќе изгледа стилски во било која комбинација. Едно од главните зимски парчиња кои морате да ги поседувате во вашиот плакар штом настапи студената сезона е – долгиот капут. Она што го прави толку сестрано парче е тоа што можете да го носите во секаква комбинација, лежерна кежуал варијанта со рамни чевли, патики и чизми, и елегантни стајлинзи кога сакате да изгледате дотерано со високи потпетици и фустан.
Добро внимавајте при бирањето од материјалот да се работи од волна така што ќе бидете сигурни дека сте инвестирале во парче кое вистински ќе ве служи кога температурите ќе паднат под минусот.