Оваа неверојатно здрава билка може да направи чуда за вашата кожа
Доколку имате проблематична кожа, флеки од сонце, лузни, и хиперпигментација, магдоносот е билката која ви е потребна.
Магдоносот има состојки кои влијаат моќно и длабински во остранување на неправилностите од кожата како флеки кои настанале од сонцето, темни флеки од акни и кругови под очите.
Магдоносот е еден од главните состојки во бројни козметички препарати кои помагаат во отстранувањето на хиперпигментацијата.
Најделотворен ќе биде доколку направите домашна маска за лице што е одличен начин да ги искористите сите природни придобивки кои ги нуди. Оваа маска користете ја 2-3 пати неделно во рок од еден месец.
Потребни состојки:
-Неколку листови магдонос
-2 лажици јогурт
-1 лажица мед
Начин на подготовка:
Состојките ставете ги во блендер и миксајте се додека не добиете густа смеса. Маската нанесете ја на чисто лице и оставете 10-15 минути а потоа исплалнете со млака вода.