Категории

Домашните миленичиња влијаат врз здравјето на децата: Еве што може да се научи од нив!

Преслатките фотографии од децата со своите домашни миленичиња го освојуваат интернетот. Децата најчесто сакаат да имаат домашно милениче, а искуството кое децата го добиваат растејќи со животни е непроценливо.

Домашните миленичиња докажано позитивно влијаат на задоволството и развојот на децата. Децата кои растат со домашни миленичиња имаат појак имунолошки систем и поретко се разболуваат, исто така се посмирени и можат да поднесат повисоко ниво на стрес.

Во домашните миленичиња пронаоѓаат сигурност и мир, бидејќи допирот и милувањето ги ослободуваат од стрес и го зголемуваат произведувањето на хромонот за среќа.

Освен тоа, тие на овој начин ќе научат како да бидат поодговорни и како да се грижат за другите живи суштества. Овој облик на грижа ја развива социјалната компетенција, чувството за обврска, самостојност и психичка стабилност. Меѓутоа, важно е да се нагласи дека е потребно да се исклучи можноста за било каква алергија пред изборот на домашното милениче.

Прегледи:
518
Објавено на:
31.08.2019