Категории

Дуа Липа знае како да ги искомбинира и неспоивите комбинации (ФОТО)

Пејачката Дуа Липа за настапот на Reading Фестивалот избрала удобна комбинација во која може без потешкотии да скока на сцената и да ја дига атмосферата.

Оваа сезона во мода е карираното, како и жолтата боја, па затоа оваа нејзина модна комбинација е полн погодок. Она со што решила да го искомбинира топот е проблематично.

Панталони кои со својата текстура и крој потсетуваат на ретро тренерки и скијачко одело исто така се во мода. За среќа, пејачката ги искомбинирала само овие две модни парчиња бидејќи инаку можеби би било премногу.