Категории

Едноставни трикови за совршени локни

Речиси е непишано правило за оние кои имаат рамна коса, потајно да посакуваат локни и обратно. Денес ви ги донесуваме тајните на славните фризери за оние кои сакаат да постигнат совршено локни без многу мака и време.

Косата збогатена со бранови делува бујно и густо и за миг може да го збогати и наједноставниот стајлинг. Ако сакате ваквата фризура да трае цел ден, употребете ги овие едноставни трикови кои ги откриваат светски познатите фризери. Елегантни и женствени, локни можете да имате ако примените некој од овие корисни фризерски трикови поради што фризурата може да потрае цел ден и цела ноќ.

Потребно ви е:
Фигарот за коса
Шноли за коса
Мрежишка за коса

Убаво исчешлајте ја косата и поделете ја на неколку делови во зависност од вашата густина. Намотајте еден прамен околу фигарото и почекајте неколку секунди, отакако ќе го отстраните од фигарото така намотан во круг фиксирајте го со шнола за коса.
Постапката повторете ја со секој прамен посебно и веднаш прицврстувајте го со фиксирани шноли.
Потоа ставете мрежичка за коса на главата но внимавајте да не отпуштите нити еден прамен.
Мрежишката држете ја подолго што можите, односно цело време во текот на спремањето.
Таа ќе ви ја задржи косата на место додека ја правите шминката и додека се облекувате. На крајот отпуштете ги локните. На тој начин тие ќе ви траат подолго и ќе изгледаат поволуменозно.

Прегледи:
1944
Објавено на:
26.11.2020