Категории

Есенски трендови: 3 најпопуларни фризури за оваа есен!

Оваа година ќе преовладуваат пуштените и разбушавените фризури, а тоа ќе ви оди во прилог!

Повеќето луѓе се враќаат од одмор и започнуваат рутински живот, но и со многу промени кои им престојат. Промените се претежно поврзани со работата, животните навики или изгледот, а голем дел од нив вклучуваат и промена на фризурата. Ние пребаравме неколку инстаграм профили на познати инфлуенсерки од кои можеме да ги издвоиме следните интересни и популарни фризури престојни за наредната сезона:

Бујни кадрици


Судејќи според изборот, фенирањето на коса или прекумерна употреба на пегла за коса останува во минатото. Сега се носат бујни и раскошни кадрици, но и оние многу мали, карактеристични за 1980-тите. На крајот на краиштата, кои сме ние да им се спротивставиме на Бијонсе и Зендаи?

Шноли за коса


Тоа е производ што веројатно сите го имаме некаде во фиоките, но и производ на кој не сме навикнати да го користиме надвор од сопствениот дом. Сепак, моделите како Бели Хадид и Каи Гербер можат да се видат на бројни фотографии од уличен стил со винтиџ фризури. Можеби станува збор за тренд кој не се очекуваше, но кој со оглед на неговата погодност, со задоволство ќе го прифатите.

Марами


Овој тренд ќе ги развесели сите оние разиграни меѓу нас – марамите се наоѓаат на полиците во секоја продавница, во голем број бои и облици и навистина не можете да погрешите ако одлучите да експериментирате и да пробате нешто поразлично.