Понекогаш креативноста едноставно доаѓа, но понекогаш се чувствуваме уморно и безидејно, и тоа прави да ни се чини како добрите идеи веќе да сме ги искористиле. Овие совети се за оние на кои им е потребен нов поттик.
-Опрукрежете се со креативни луѓе. Дружете се со писатели, музичари, сликари. Понекогаш креативното опкружување инспирира креативност.
-Започнете. Можеби кога ќе започнете, мозокот ќе ви се опушти и добрите идеи едноставно ќе дојдат сами од себе.
-Побарајте нови книги, музика, филмови.. Откријте нешта за кои не сте знаеле претходно.
-Издвојте време за креативност. Не можете да работите неколку различни работи одеднаш.
-Ослободете ги мислите. Ослободете се од она што ве загрижува и сконцентрирајте се на она надворешното а не на внатрешното.
-Црпете инспирација од светот. Од убавото, грдото, тажното, среќното,досадното…
-Напијте се шолја кафе, тоа делува стимулирачки.
-Немојте да ја преценувате својата работа.Пекарот може секој ден да прави леб, лекарот секој ден може да прима нови пациенти, па тогаш и вие можете секој ден да ја работите својата работа.
-Трудете се да запознаете нови луѓе кои ги делат вашите пасии.
-Носете фотоапарат и секој ден фотографирајте нови нешта.
-Креативноста е како мускул и треба да се вежба секој ден.