Категории

(ФОТО) Бел комбинезон – Модерно и удобно парче за пролетните денови

Помеѓу омилените трендови за оваа пролет спаѓаат и комбинезоните – Супер удобно парче за секоја прилика

Веќе уште на почетокот на сезоната модните стручњаци ни најавија дека минимализмот ќе ги води сите пролетни трендови а со тоа и едноставната палета на тонови. Белата боја ја има главната улога оваа пролет.
Комбинезоните се парче кое никогаш не излегува од мода поради својата удобност, и фактот дека со само едно парче имате целосна комбинација, заштедува време кога сте во недоумица што да облечете.
За топлите пролетни денови, ова е неизоставно парче кое мора да го имате во вашата гардероба.