Категории

(ФОТО) Дама во бело: Меланија Трамп воодушеви во елегантна креација на Денот на сеќавањето

Првата дама на САД Меланија Трамп ги воодушеви сите со својот беспрекорен изглед на одбележувањето на Денот на сеќавањето.

Претседателскиот пар Доналд и Меланија Трамп оддадоа почит на паднатите борци на воените гробишта во Арлингтон одбележувајќи го националниот Ден на сеќавањето.
50-годишната прва дама изгледаше беспрекорно во бело палто со потписот на модната куќа Gucci чија вредност изнесува 3,500 долари.
Целокупниот стајлинг го заокружи со бели потпетици од нејзиниот омилен бренд Manolo Blahnik.