Веќе ги имаме најубавите модели на фустани за свеченостите кога се ќе се врати во нормала
Откако се ќе почне да се враќа во нормала, полека но сигурно ќе почнат да се одржуваат и разни друштвени случувања кои изминатите неколку месеци беа откажани. Секако, во многу помал капацитет на што веќе се навикнавме, но сеедно ваквите случувања и собирања будат надеж дека ситуацијата ќе биде барем малку подобра.
Бројни венчавки кои се откажани веќе имаат нови датуми, се планираат родендени, кршетвки, дипломски прослави и разни други свечености кои вообичаено се одржуваат во пролетната сезона. Сега фокусот паѓа на летото и есента но веруваме дека сепак ќе стигнеме да надохнадиме се.
Популарните модни брендови со голем ентузијазам ги претставија колекциите за пролет/лето во кои главниот акцент паѓа на колоритните елегантни фустани идеални за вакви видови свечености. Во нашата галерија ви подготвивме неколку прекрасни модели во кои секоја дама ќе пронајде нешто по свој вкус.