Категории

(ФОТО) „Флориан“ во Венеција е најстарата кафана во светот а оваа година слави 300 роденден

Погледнете како изгледа најстарата кафана во светот

Еден од најромантичните градови во Европа – Венеција воодушевува со својата убавина. Позната по каналите, гондолите и богатата историја, тоа е град кој годишно го посетуваат повеќе од 12 милиони луѓе и никого не остава рамнодушен.
Венеција исто така е дом на најстарата кафана на светот која оваа година го слави својот 300 роденден. Сместена е на плоштадот Св.Марко, кафе Флориан е еден од знаменитостите кои секако се исплати да се посети кога сте веќе таму.

Кафаната почнала со работа на 29 декември 1720 како Caffe alla Veneyia Trionfante, но набрзо го променила името во Caffe Florian, по својот сопственик Флориан Франческони. Локацијата во самото срце на Венеција, од кафе Флориан направила место каде што доаѓале бројни познати гости како Карло Голдони, Гете и Казанова. Оваа кафана исто така била единствената кафана во која бил дозволен влезот и на жените. Флориан исто така ја задржала својата атрактивност и во подоцнежните години кога во неа доаѓале и Лорд Бајрон, Марсел Пруст и Чарлс Дикенс.

Во 1858 година, кафаната ја превзеле нови сопственици кои го преуредиле нејзиниот изглед а од тогаш до денес не е ништо променето. Кафаната се состои од неколку салони во кои покрај кафе, можете да јадете и колачи и можете да уживате во извонредните уметнички дела на познатите уметници од 19 век.