Категории

(ФОТО) Како изгледаа познатите на црвениот тепих на Оскарите 2020

Погледнете како изгледаа познатите ѕвезди на црвениот тепих на најголемата Холивудска вечер

Синоќа беше одржано 92-то издание на Академските награди кое воедно и ја затвори филмската сезона со најблескавиот гламур собран на едно место. Театарот Долби во Лос Анџелес ги угости најпознатите Хиливудски ѕвезди кои го претворија црвениот тепих вистински рај од елеганција, раскош и префинетост.

Најголемата вечер во годината, ноќта на Оскарите е период кога ѕвездите блескаат во полн сјај со својот избор на тоалети. Оваа година сите погледи беа вперени во актерката Натали Портман која ја имаше улогата на домаќин и водител заедно со двократниот кандидат за оскар – Тимоти Шаламеј.


Во центарот на вниманието и со најголемо исчекување на црвениот тепих беа овогодинешните номинирани за наградата Најдобра актерка – Шарлиз Терон, Скарлет Јохансон, Серше Ронан, Рене Зелвегер и Синтиа Ериво.

Проследете ги нивните стајлинзи од најгламурозната вечер во Холивуд: