Во Индискиот град Роде, се случило нешто неверојатно. Мајмун, од расата макаки-резус посвоил мало кученце, што наишло на воодушевување од локалното население.
Протективниот однос кој мајмунот го имал кон кученцето ги изненадил сите, локланото население им оставало и храна, а уште повеќе се изненадиле кога гледале како мајмунот остава прво кучето да се најаде, а потоа јадел тој. Го штити од сите, особено од уличните кучиња, го носи секаде со себе и му пружа многу грижа.