Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон мамеше воздишни како домаќинка на приемот во кралската палата
Кејт Мидлтон беше домаќинка на 25-годишнината од Place2Be, детската добротворна организација во чија чест беше организиран прием во Бакингамската палата. За оваа прилика, војвотката избра елегантна сина тоалета украсена со кристали е дело на нејзината омилена дизајнерка Jenny Packham. Раскошната креација прв пат ја носеше на кралската турнеа во Индија и Бутан во 2016 година.
Целокупниот изглед го коплетираше со идентична ташна изработена со кристали, елегантни обетки и светкави потпетици.