Категории

(ФОТО) Модните комбинации во овие 3 бои секогаш изгледаат отмено и гламурозно

Бојата на облеката која ја носите ите како може да ви даде луксузен и отмен изглед без оглед на тоа колкава цена сте платиле. Затоа обрнете особено внимание на овие 3 бои кога купувате облека

Модата за бои не се менува толку често колку што инаку се чини. Многу бои остануваат безвременски тренд и неколку години што преминуваат во класика.
Овие 3 бои веќе неколку сезони не ја напуштаат модната сцена, во нив секогаш ќе изгледате елегантно и „скапо“.

БЕЛА

Доколку ги забележите колекциите на бројни познати модни креатори ќе забележите дека најчесто се фокусираат на белата боја. За неа се вели дека е новата модна класика која ја замени црната боја. Кога ја носите од глава до пети таа изгледа минималистички, чисто и префинето.
Таа е одлична комбинација со светло сината, крем и сивата боја.
Белиот капут во зима дава гламур и елеганција. Белите панталони или сукња совршено се комбинираат со светли блузи и кошули во топлата сезона.

ЦРВЕНА

Црвената боја е наменета за храбрите жени. Таа го привлекува вниманието и ги тера другите да се вртат по вас. Кога ќе одберете да носите црвено, бидете сигурни да го одберете вистинскиот тон кој совршено ќе одговара со вашата кожа, коса и шминка.
Целосно црвените комбинации се женствени, дамски и сексипилни. Не плашете се да носите и црвен кармин, тоа ќе го потполни целокупниот аутфит.

НЕБЕСНО СИНА

Оваа боја е симбол на нежност, чистота, опуштеност и пријатност. Потсетува на чисто небо.
Во неа секогаш ќе изгледате како вистински да сте се потрудиле. Таа вистински избор кога сакате да направите малку промена од белата и кремовата.
Оваа боја исто така прави да изгледате помладо и повитко. Можете да ја носите во комбинација со мастило сина, бела, или бебешко розова.