Категории

(ФОТО) Оливиа Кулпо во кул стајлинг кој ќе одбележи претстојната пролет

Сите дами ќе посакааат да го ископираат

Оливиа Кулпо прошета неодоливо кул стилска комбинација која ќе биде голем хит наредната сезона. Пролетта ќе биде во знакот на монохроматскиот тексас стил, па така често на улиците ќе можеме да видиме девојки облечени во тексас од глава до пети.
Модните стручњаци не престануваат да зборуваат за популарноста која ќе ја има овој тренд во текот на сончевата сезона. Во колекциите на многу дизајнери се најдоа парчиња токму од овој материјал.

Фармерките се секогаш актуелни а доколку ги носите со тексас јакна или кошула ќе добиете супер лежерен, кул и трендовски стајлинг како вистинска трендсетерка.

Оливиа овој стајлинг го искомбинира со бели салонки и ташна во иста боја.