Категории

(ФОТО) Отменост која плени – Меланија Трамп ја отвори есенската сезона со кафеава комбинација

Земјените тонови се симболот на есента. Во кафеави нијанси, првата дама на САД официјално ја отвори есенската сезона со стајлинг кој плени

Претседателот на САД – Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија и синот Барон во неделата се вратија во Белата куќа откако викендот го поминаа во Бедминстер.

Иако пред неколку денови примија вести дека братот на Доналд почина, парот одлично се држеше во јавност па пристигнаа со насмевка пред претседателската резиденција и ги поздравија своите приврзаници.

Првата дама воодушеви во отмена модна комбинација која ја симболизира есенската сезона. Таа носеше кошула-фустан во камел нијанса од дизанерката Stella McCartney вреден 700 долари кој го искомбинира со кафеав кожен колан околу струкот.
Она што привлече најголемо внимание беше нејзината Birkin ташна која е проценета за најскапата ташна во светот, а Меланија ги поседува во неколку различи нијанси.
Овој кафеав модел кој таа го носеше се верува дека вреди неколку стотици илјади долари.