Категории

(ФОТО) Стилистите споделија 5 нови трендови на фризури кои ќе сакате да ги испробате веднаш

Оваа сезона ни доаѓаат доста забавни трендови на стилизирање на косата кои ќе внесат освежување и промена во вашиот изглед

Познатите стилисти за коса споделија на своите Instagram профили неколку нови трендови на стилизирање на косата кои како и пролетта донесуват свежина и ја разбиваат монотонијата помеѓу добро познатите фризури кои ги практикуваме со години.

Еве кои трендови ни доаѓаат оваа сезона а сигурни сме дека секоја дама ќе пронајде некој по свој вкус кој ќе сака да го испроба веднаш.

Темна нијанса на мед
Оваа карамел, медено-руса нијанса е еден од омилените трендови на блогерките за 2020 година. Прилега на секој тон на кожа и се носи преку цела година, а исто така е и доста лесна за одржување.

Златни прамени
Не постои девојка на која не и стои ваква фризура. Но, за создавање на овие бои ќе ви биде неопходен стручен фризер. Оваа фризура исто така е идеална за летниот период, бохо-брановите во косата повикуваат на сонце и плажа.

Сребрено-руса
Овој тренд својот врв го достигна минатата година, но не заостанува нити оваа. Сивата во комбинација со руса ќе ви даде изглед на ледена кралица која не се плаши од промените.
Совет: Внимавајте да користите виолетов шампон при секое миење со цел да ја одржите сребренестата боја што подолго.

Виолетова
Оваа боја стана масовен тренд на Инстаграм и Тик-Ток. Неа почнаа да ја испробуваат дамите од сите возрасти. Одлична е за оние кои сакаат да направат некоја драстична промена со која ќе ги воодушеват сите. Внимавајте да користите соодветна маска за да ја одржите нијансата што подолго.

Врвови во боја
Деми Ловато апсолутно ја обожава оваа фризура, а тоа е причина плус да ја обожаваме и ние. Совршен начин да добиете нов и свеж изглед без да ја фарбате целата коса. Краевите можете да ги навиткате за да добиете симпатичен изглед како Деми.