Категории

ФОТО: Ви ја претставуваме најсреќната зграда во светот!

Најсреќната зграда во светот, уникатна и во срцето на Брауншвајг, Германија. Шарена и весела зграда, која како да е излезена од цртан филм. Дело е на бруклинскиот поп арт артист James Rizzi, кој е гениј во оваа уметничка насока.

Изградена е на почетокот на милениумот, Среќната Ризи Куќа (Happy Rizzi House) ви се смешка со голема насмевка, зрачејќи со радост, а испраќа дури и бакнежи. Проектот започнал во 2001 година и наишол на голема радост кај децата во соседството, но не многу кај постарите, кои се противеле на остриот контраст кој го има зградата согласно околината, која е во стара, класична европска архитектура и е бизнис област.

Базирано на идеата на Ризи, куќата „доби живот“ од архитектот Konrad Kloster. Биле потребни две години за да се комплетира, иако служела како деловно седиште на почетокот, сега никој не престојува таму. За жал Ризи неочекувано починал во 2011 година, со што бил стопиран развојот на проектот низ градот. Сега Среќната Ризи Куќа е само туристичка атракција.