Категории

Фотографии од Ејми Вајнхаус кои досега не сте ги виделе

Пред 10 години Ејми Вајнхаус беше на врвот на својата кариера која прерано заврши три години подоцна. Во тие години таа го запознала и фотографот и идниот близок пријател Блејк Вуд кој ги сликал некои од нејзините најинтимни фотографии.

Станува збор за фотографии на кои не ја гледаме Ејми под дејство на дрога или во лоша состојба како пореметувањето во исхраната со кое се бореше, туку ова се фотографии од нејзиниот живот и ретките моменти на слобода од папараците и големата слава која тешко ја поднесувала.

„Не ми беше интересно да ги сликам нејзините здравствени кризи или дрогирањето“, објаснува Блејк во книгата. „За мене тоа не беше дел од нејзината искрена личност. Мислев дека не е фер, тоа веќе и е сторено и не изгледа убаво.“

Во книгата може да се видат фотографии од Ејми како се смее на годишен одмор, како се опушта во студио или го поправа својот заштитен црн туш во тоалетот. Погледнете како изгледаат некои фотографии од книгата која ќе биде објавена на 27 јули.