Палатата Rzewuski била изградена во 1921-1922. Ја дизајнирал познатиот Варшавски архитект Juliusz Nagórski.
Фамилијата Rzewuski живеела во Варшава, а оваа палата била нивна летна резиденција. Во 1945, земјоделско училиште било отворено во палатата, а по 1969, тука имало канцеларии и апартмани за вработените во училиштето.
Нажалост, во 1985 имало пожар кој изгорел голем дел од оваа палата, и од тогаш таа не се користи. Се правеле напори да се реновира и да се спаси, но се’ било неуспешно. Палатата е оставена на милост и немилост на временските услови и луѓето кои поминуваат покрај неа.
Кога фотографот Łukasz Lenkiewicz ја посетил во 2017, таа му оставила огромен впечаток. По повеќе години, тој се вратил да ја фотографира, и голем дел од неа бил дораспаднат со годините.
Ова се најнеодамнешните фотографии од оваа магична палата: