Категории

Француска елеганција – Брижит Макрон воодушеви во шик стајлинг од краток фустан и високи потпетици

Првата дама на Франција беспрекорна како и секогаш повторно доследна на својот имиџ

Во Париз започна свеченото одбележување на Денот на Републиката а воочи на овој голем државен празник, претседателот на Франција Емануел Макрон одржа говор пред вооружените сили на својата земја додека во негова придружба се појави сопругата Брижит Макрон.

Француската прва дама зрачеше со елеганција облечена во класичен стајлинг од краток фустан во боја на мастило украсен со рајсфершлуси на рамената кој го искомбинира со црни потпетици на блок-потпетица кој пружат удобност. Целокупниот стајлинг го заокружи со мала плик ташна и темни очила за сонце.

Прегледи:
497
Објавено на:
23.07.2020