Категории

Голем камбек на СИНАТА сенка

Визажистите заоваа сезона беа инспирирани од бескомпромисната и впечатлива шминка во ’80-тите години, а еден од трендовите кој ни се враќа од таа доба е сината сенка за очи.

Силните тонови на небесно сина и тегет нијанса доминираат во beauty светот. Веќе забележавме многу познати дами кои на црвениот тепих се појавија со ваква шминка што ни наговести дека оваа боја ќе биде доста популарна оваа сезона. Иако мнгумина мислат дека таа е доста комплицирана за комбинирање, сепак мејкап артистите ни докажаа дека тоа воопшто не е така.

Доколку и вие сте едни од тие истомисленици, ви споделуваме галерија од makeup изгледи кои вклучуваат сина сенка и дефинитивно ќе го променат вашето мислење.

Прегледи:
428
Објавено на:
30.10.2017