Категории

Грчките лекари се оптимисти – Ова лето ќе можеме да одиме на плажа

Грчките лекари проценуваат дека во јули веројатно ќе може да се оди на плажа

„Тешко е да се предвиде иднината, но Грција работи доста добро“, изјави претседателот на Националниот совет на Грција за истражување технологија и иновации, Емануил Дермацакис, професор по генетика на медицинскиот универзитет во Женева и директор на центарот за генетика “Health 2030”.

„Ако бројот на заболени и починати значително опадне, ќе разговараме за ублажување на мерките. Верувам дека од мај, мерките ќе почнат да попуштаат постепено, според стратегија и со приоритети. верувам дека веќе во јули луѓето ќе можат да одат на плажа послободно, а можеби и да патуваат на островите. Но сето тоа ќе се случи доколку развојот биде онаков каков што е сега“, изјавува генетичарот.

Популацијата на Грција изнесува 11 милиони жители, од кои заболени од понеделникот има вкупно 1,755, вкупно починати 79 и 78 опоравени пациенти.

Прегледи:
496
Објавено на:
10.04.2020