Категории

Италијанска тајна за убавина од единствената Софија Лорен

Софија Лорен ја откри нејзината тајна за убавина, таа го користи овој домашен третман од само четири состојки

И денес кога има 85 години, познатата актерка е убавица без конкуренција.

Откако се појави на филмското платно па се до денес, италијанската актерка важи за една од најубавите жени на светот.
Една од нејзините тајни е правилната нега, особено на кожата на лицето, а пред неколку години се појави интересен рецепт за маска за лице кој Софија го користела за подмладување

Состојки:

  • 1 лажица желатин
  • 1 лажица мед
  • 150 гр. млечен производ (млеко или јогурт за нормална кожа, кисело млеко или кефир за масна кожа, кајмак за сува кожа)1 лажица глицерин

 

Начин на подготовка:
Растопете го желатинот во млечниот производ и сотавете го во фрижидер најмалку шест а најмногу осум часа.
Потоа со постојано лесно мешање загрејте ја добиената мешавина на водена пареа, додека желатинот не се раствори. Отстранете од шпоретот и додадете мед и глицерин а потоа добро измешајте.

Кога смесата ќе се олади, нанесете на претходно исчистено лице, врат и деколте. Оставете да делува најмалку 20 минути но не повеќе од половина час. Отстранете ја маската со марамица натопена во млеко и тоа со нежни движења, а потоа остатокот измијте го со топла а потоа со ладна вода.

Оваа домашна маска може да стои во фрижидер од 5-7 дена, а може да се користи секој ден – благо подгреана за ефектот да биде подобар.