Категории

Изгледајте природно и свежо за матурската вечер: 6 пролетни романтични фризури!

Речиси секоја жена е емотивно приврзана за својата коса, па поради тоа посветува големо внимание на нејзиниот изглед. Свесни сме дека косата е украс на нашето лице, а изборот на фризурата секогаш треба да биде прилагоден на нашите црти.

Тоа особено важи кога избираме фризура за свечени пригоди, како што се матурите и апсолвентските вечери. Професионалното студио за убавина La Sensa токму за вас, млади дами нуди посебен пакет за вашиот изглед сѐ со цел да бидете кралици на вашиот посебен ден. Овој пат се фокусираме на изборот на совршената фризура за вас, па доколку сѐ уште немате идеја ние ќе ви помогнеме да се одлучите.

Бранови

Брановидната коса отсекогаш е привлечна за мажите, а и жените, бидејќи принцезите од детството ги замислуваме со виткани прамени кои паѓаат на целото лице. Заборавете на совршените локни, прекршената коса во брановидна форма е тотално ИН оваа сезона. Идеална за вашиот изглед на матурската или апсолвентска вечер без разлика на изборот на облека и накит.


Неуредна пунџа

Малку натапирана коса, собрана во ниско репче со ластиче неколку центиметри од коренот на косата. Поради повисоките температури, пунџата е одличен предлог за вашиот избор на фризура за свечените пригоди кои се приближуваат, а вие нема да се грижите дали косата сѐ уште изгледа исто како на почетокот на вечерта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Пунџа на една страна

Оваа фризура е многу секси бидејќи ја открива едната страна на вратот, а делува и многу пошармантно од класичната пунџа. Професионалниот тим на La Sensa ќе се погрижи да ја добиете посакуваната пунџа која ќе остане иста од почетокот па сѐ до крајот на вашата посебна ноќ.

Цвет во коса

Доколку сте тип на девојка која сака да експериментира со модните додатоци и бои, тогаш оваа фризура е идеална за вас. Во зависност од бојата на вашиот аутфит искомбинирајте цвет во косата кој ќе одговара со целосниот изглед и бидете посебни и впечатливи.

Многу волумен

Ако имате долга и негувана коса, тогаш не ви е потребно многу за да оставите впечаток со вашиот изглед. Фокусот нека биде на волуменот на косата, а резултатот ќе биде токму онаков каков што посакувате доколку го изберете професионалното студио за убавина La Sensa.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on


Опуштена плетенка

Едноставна, а сепак интересна фризура со која може да експериментирате. Зависно од вашето лице, тимот на La Sensa студиото за убавина ќе направат од вашата коса вистинско ремек-дело, а на вас останува само да се погрижите за останатиот дел од изгледот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗦𝘁𝘂𝗱𝗶𝗼 𝗟𝗮 𝗦𝗲𝗻𝘀𝗮 (@lasensa.studio) on