Категории

Излечена 51-годишна пациентка од Тексас сподели важни совети во борбата против коронавирусот

После 22 дневна терапија, 51-годишна пациентка од Тексас го победи коронавирусот и ја сподели својата приказна од макотрпното лечење.

Марија (51) живее во Тексас и детално опишува како изгледаше нејзината борба со коронавирусот, како се развиваа симптомите и како течеше лечењето. Нејзината агонија, како што и сама го нарече овој период, траела 22 дена.

Со цел сето ова да помине што побрзо и да не се најдеме во ситуација во која се нашла таа самата, најдобра одлука е го почитуваме апелот од лекарите и да не излегуваме без потреба.

Првите симптоми кои започнала да ги забележува во почетокот на март биле благо зголемена температура 37,3 и чувство на пецкање во градите.
„Со оглед на тоа што пецкањето го забележував после вежбање, мислев дека тоа е поради јачината на тренингот и не му придавав голема важност.
После три дена ми се појави силна мачнина и грчеви во стомакот, а температурата и понатаму беше блага. Два дена подоцна добив зголемена кашлица и чувство на омалаксаност. Дури во тој миг решив да одам на лекар и тестот се покажа позитивен.
Следниот ден кашлањето стана уште поинтензивно, а чувството на болка во градите се посилно. После тоа стана невозможно да дишам длабоко. Имав чувство како некој да ме дави.
10 ден следела главоболка и болка во носната празнина.
12 ден температурата конечно спадна и почнав да чувствувам некој вид на олеснување.

Иако кашлањето ослабе, и понатаму беше присутно, се до 22 ден. Денес можам да кажам дека се чувствувам сосема добро, но искуството низ кое поминав не му го посакувам на никого. Беше ужасно и полошо од сите настинки кои сум ги преживеала до сега.

Апелирам до сите луѓе да останат дома и да не се исложуваат на ризик. Мислам дека имав среќа, затоа што се занимавам со спорт и мојот имунитет е силен, но оние кои имаат нарушено здравје немаат шанса да ја претрпат толку лесно оваа состојба.
Со оглед на тоа што лекот сеуште не е пронајден, да се остане дома е најдобрата мерка на превенција која можеме да ја направиме за себе и за другите.“

Прегледи:
447
Објавено на:
07.04.2020