Категории

Кафето штити од болести и го продолжува животот

Во две големи истражувања се проучувани навиките на пиење кафе на Европјаните и Американците и влијаењето на човековиот организам.

Ако сте меѓу оние кои само кафето може да ги расони, а им треба и уште неколку кафиња во текот на денот, може го правите најдоброто а себе, а не сте ни свесни за тоа.

Спрема две големи студии, кои се спроведени неодамна, кафето не чува од дијабетис, срцеви болести, па дури и рак, односно, бидејќи изобилува со антиоксиданси, кафето ни го продолжува животот порачуваат научниците.

Една од тие две студии спореведена е во 10 европски земји, на повеќе од 520.000 луѓе. Се покажало дека кафето значително го продолжува животниот век. Во другата студија учествувале 185.000 луѓе, а е спроведена во САД.

,,Испитавме различни популации. Сите тие луѓе имаат различни стилови на живот и различни прехрамбени навики, а и понатаму доаѓаме до слични примероци.” Објаснила професорка по превентивна медицина и водителка на истражувањето во кое учествувале 185.000 луѓе, Veronica Wendy Setiawan. Таа кажала и дека кафето изобилува со антиоксиданси кои благотворно делуваат на организмот и штитат од рак.

Луѓето кои пиеле дневно по 1 кафе имале 12% помал ризик од смрт од оние кои не пиеле, а конзумацијата на 2-3 кафиња дневно, ризикот од смрт го намалила за 18%, покажале истражувањата.

Истражувањето спроведено во Европа укажало на тоа дека луѓето кои пијат кафе имаат помал ризик од болести на црниот дроб, малигни болести, проблеми со системот за варење. Докажано е и дека кафето има својства кои ги смалуваат шансите за Паркинсонова болест. Резултатите од двете истражувања се објавени во магазинот ,,Annals of Internal Medicine”.

 

Прегледи:
375
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
20.08.2017