Кајли Џенер е бремена и го очекува своето прво дете со Травис Скот, според американските медиуми.
TMZ пренесува дека најмалата од кланот Кардашијан е бремена, а за таа новост имале повеќе извори.
Кајли и раперот Травис се заедно од Април, откако се запознале на Кочела, по раскинувањето на Кајли со Тајга.
Наводно парот очекува девојче, а шпекулациите се погласни и заради фактот што Кајли става се помалку нови слики од неа, а новите се вообичаено од градите нагоре.