Категории

Како да го изберете совршениот костим за капење?

Ова лето на плажите ширум светот ќе доминираат интересни модели, од класични едноделни до необични дводелни. На вас  да го изберете идеалниот костим, без разлика дали станува збор за еднобоен модел, морнарски пруги или пак цветен или животински принт. Ретро моделите и оваа година се актуелни, а дополнително се истакнуваат светкавите детали, како и карнерите.

Купувајте кога сте во добро расположение

Шопингот треба да се практикува кога сте расоложени, а особено кога станува збор за парче облека како што е костим за капење. Во спротивно, и најмалата ситница може да ви пречи, бидејќи нема да бидете задоволни со своето тело и начинот на кој ви стои костимот. Затоа, кога ќе решите да купувате косттим за капење поведете ги со себе доброто расположение и најдобрата другарка за која знаете дека искрено ќе ви каже во кој модел изгледате најдобро.

Бирајте модели во кои се чувствувате убаво

Честопати можеме да слушнеме дека костимот за капење треба да се бира на основа на обликот на телото. Доколку сте крушкаста градба подобро би ви прилегале, на пример, едноделните модели со карнери, додека класичниот дводелен костим подобро прилега на дамите со обли на тело во вид на песочен часовник. Ова се некои непишани правила, меѓутоа најважно е да се чувствувате удобно во моделот кој ќе го изберете – на тој начин вашата убавина ќе дојде до израз каде и да се појавите ова лето.

Изберете место каде што ќе можете да ги разгледате понудите од најразлични брендови

За да си олесните самите себеси во потрагата по идеалниот костим за вас, важно е да се организирате и да знаете дека на едно место ги имате најдобрите избори. Кога станува збор за модата во 2018 година, јасно е дека се е дозволено, така што нема да погрешите при изборот. Препуштете се на својата имагинација и уживајте во претстојните летни денови.

 

Прегледи:
489
Објавено на:
29.06.2018