Категории

Како до чиста среќа и успех – Вистинските победници никогаш не ги прават овие нешта

За жал понекогаш самите на себе толку си го комплицираме животот што често дури и не ја забележуваме среќата кога е точно пред нас

Почнете од нула и креирајте живот каков што отсекогаш сте сакале. Рускиот психолог Михалков наведува 7 навики со кои морате веднаш на престанете доколку сакате да живеете исполнет живот без лоша енергија.

1.Не размислувајте премногу што другите мислат за вас
Во човековата природа е да се сака да се остави добар впечаток на околината, но претераната загриженост за мислењето на другите луѓе е чисто губење на енергија. Никогаш нема да им удоволите на сите, и затоа не треба да се грижите што тие мислат за вас.

2.Не се обидувајте да им угодувате на сите
Не се ни обидувајте да им бидете на сите рамо за плачење и место каде што ќе ги решаваат своите проблеми. Со таквото однесување привлекувате лоша енергија, оптеретувајќи се со туѓите проблеми го успорувате својот пат кон среќата. Во ред е да се биде добар пријател и да се помага, но не по секоја цена.

3.Не се мешајте во туѓите одлуки и начин на живот
Секој има право да живее живот каков што сака. Ако својата енергија ја насочувате на гледање во „туѓиот двор“, се повеќе ќе се оддалечувате од среќата и мирот.

4.Учете од туѓите грешки
не морате секогаш баш сами да удирате со главата во ѕид за да научите нешто. Трудете се да учите и на туѓите искуства.

5.Немојте да се грижите премногу
Најголемиот камен кој ве сопнува на патот до среќата е стравот. Тој постои само во вашата глава и често е ирационален, но е во состојба и да ги уништи вашите соништа. Човекот кој не ризикува никогаш нема да постигне ништо во животот. Научете да се ослободувате од стравот и зачекорете напред храбро.

6.Не гледајте назад во минатото
Минатото е зад вас и не треба да се гледате во него. Никој не може да влијае врз она што поминало нити да го промени. Претераното размислување за нештата кои се зад нас може само да ја исцрпи нашата енергија на патот кон подобар живот.

7.Избегнувајте лутина
Бесот и лутината никому не му донеле ништо добро. Ова чувство создава фрустрации и е тешко да се надмине. Трудете се брзо да ги заборавите ситуациите кои ве изнервирале и простете им на луѓето кои ве предале. Така ќе си направите услуга на себеси.

Прегледи:
470
Објавено на:
21.07.2020