Категории

Како до витамин Д кога сме дома по цел ден? – Корисни совети

Витаминот Д е неопходен за правилно функционирање на телото. Важен е за здравјето на коските, за квалиеттот на ноктите, косата, кожата, за функционирањето на мозокот и за зајакнување на имунитетот

Витаминот Д е важен нутритивен елемтн кој ни е потребен од повеќе причини – од здравјето на нашите коски, до ноктите, косата, за функционирање на мозокот и за зајакнување на имунитетот. На дневно ниво на просечна личност потребно му е околу 15 мг витамин Д. После 70-тата година, потребата за истиот се зголемува.

Нашиот организам во суштина не произведува витамин Д, па затоа е потребно тој да се внесува преку храната, освен во случаите кога сме изложени на сонце кога доаѓа до наше лично производство на овој витамин. Во текот на зимските месеци, ако долго време не излегувате на сонце, многу е веројатно да патите од недостаток на витамин Д во организмот.

Меѓутоа, тоа не треба да ве загрижува, дури и кога сме во моменталната ситуација во која сме приморани да седиме дома како мерка на претпазливост. Сончевите зраци се најпознатиот но не и единствен извор на витамин Д.
Еве на кој начин можете да му ја озбезбедите потребата на вашиот организам за витамин Д и кога не го напуштате домот.

Седете покрај прозорецот
Можеби не можете да излезете надвор но секако можете да седите покрај отворен прозорец насочен кон сонцето. На овој начин на вашиот организам ќе му обезбедите витамин Д и секако ќе го подобрите вашето расположение.

Додаток витамин Д
Една од можностите е секако суплемент во вид на додаток витамин Д. Квалитетните мултивитамини се добар избор. Шумливите таблети се наједноставно решение.

Конзумирате риба од конзерва
Конзервираната риба како туна и лосос претставува одличен извор на витамин Д. Таа е одлична и поради тоа што има подолг рок на траење.

Конзумирајте зголемена количина на млеко
Млекото е богато со витамин Д, но не само кравјото млеко, и соиното и бадемовото. Освен млекото, со витамин Д богати се и другите млечни производи како сирењето и јогуртот.

Конзумирајте свеж сок од портокал
Одличен здрав начин да внесете витамин Д во вашиот организам е преку свеж сок од портокал.