Категории

Како изгледа вистинско височество: Кралицата Максима од Холандија во беспрекорно елегантен стајлинг

Иако медиумите не и посветуваат доволно внимание колку на шпанската кралицата Летисија и британската војвотка Кетрим, кралицата Максима од Холандија важи и за вистинска кралица на стилот

Кралицата Максима од холандија е редовно тема на модните медиуми благодарение на нејзиниот беспрекорен стил.
Каде и да се појави извршувајќи кралски должности, таа изгледа како што му прилега на едно вистинско височество.
Така беше и на неодамнешната посета на музејот Stedeljik каде кралицата присуствуваше на доделување на награди на млади уметници.
Максима е позната по својата пасија спрема елегантниот стил и големите грациозни шешири, па за оваа прилика избра асиметричен модел кој го искомбинира во монохроматски стајлинг од чипкан фустан и капур во актуелната златно-кафеава боја и аксесоари во истите тонови.