Категории

Како универзумот да ви ја оствари секоја желба – Еден збор е клучен

Благодарноста е неверојатна сила која поттикнува добри промени во животот. Кога сме благодарни за работите што ги имаме, привлекуваме енергија која ни помага да имаме уште повеќе, сè – од љубов до материјални работи.

Понекогаш забораваме колку е важно да бидеме благодарни за ситниците, но и за вредните работи кои не ги забележуваме и ги сметаме за вообичаени. Заблагодарете се секое утро на нов ден, заблагодарете се за сонцето, ветрот, мирисот на цвеќето, прегратката на саканата личност, домот, семејството, новите можности… Пред да посакате желба, секогаш кажувајте благодарам!

Кога кажуваме еден магичен збор, универзумот почнува да испраќа добри работи во нашите животи – магичниот збор е БЛАГОДАРАМ!

Со кажување на зборот БЛАГОДАРАМ, ја ослободуваме моќната позитивна енергија што ја испраќаме во универзумот и таа ни се враќа двапати. Во нас тогаш се буди чувството на радост, среќа и задоволство – најголемата сила на универзумот. Кога основите на вашиот живот се благодарноста и љубовта, вие буквално можете се!

Прегледи:
485
Објавено на:
29.01.2022