Категории

Како вашето хоби влијае врз вашето ментално здравје?

Започнување ново хоби или уште поголем фокус на старото, има значително влијание врз вашето ментално здравје во позитивна насока:

  • Вашето хоби е ваша пасија и има огромно влијание врз ослободување на стресот од вашето тело. Нивоата на кортизол (стрес хормон) се намалуваат, а тоа придонесува за релаксација и потполно уживање.
  • Вашата пасија е одличен начин да се оддалечите од негативните мисли и да се концентрирате на тоа што го правите.
  • Многу хобија се креативни, го поттикнуваат вашето креативно размилување што придонесува за подобро решавање на проблемите од вашиот секојдневен живот.
  • Додека го правите она што го сакате, во вашето тело се ослободуваат ендорфини коишто придонесуваат за подобро расположение и посреќни денови.
  • Преку хобито, се намалува анксиозноста, а шансите за депресија се многу помали.