Категории

Каква бура и да пакости во твојот живот – Знај дека сонцето секогаш сјае позади неа

Најважно е да се поддржуваш себеси и да не се посомневаш во нити еден миг дека ништо не трае засекогаш.

Секој нов ден е различен. Некои денови се будиш и се чувствуваш толку силно што би можел да го освоиш светот. Чувствуваш дека можеш да се справиш со сите препреки и се што ти се испречува на патот, се чувствуваш незапирливо.

Некои денови едноставно се будиш и не сакаш да станеш од креветот. Се чувствуваш кревок како стакло и само сакаш да побегнеш од реалноста. И сето тоа го сочинува животот.

Животот е и двете, и светлите и мрачните денови. Треба да научиш да ги прифаќаш и да не се лутиш на себеси што понекогаш не си личноста каква што очекуваш од себеси да бидеш, никој не е цело време. Најважно е да се поддржуваш себеси и да не се посомневаш во нити еден миг дека ништо не трае засекогаш.

Прегледи:
522
Објавено на:
27.09.2020