Каролина Гочева продолжува со маестралните концертни промоции на нејзиниот нов албум „Извор“.
После брзо распродадените и успешно реализирани четири концерти, беа закажани уште три дополнителни, од 1-ви до 3-ти март, а без дилема е фактот што нема ниту едно празно седиште во Македонската Опера и Балет, каде таа ја има концертната промоција на новиот албум.
Прекрасната акустика на објектот, инструментите кои ја придружуваат и нејзиниот извонреден глас нудат комплетно уметничко доживување.
Каролина секогаш нуди врвна изведба и беспрекорен стајлинг, а тоа не е искучок и сега, па не е ни чудно што публиката е воодушевена од овој проект, за кој се слушаат само пофални зборови.
„Виновникот“ за прекрасната фотографија која е насловна на нејзинот албум, е уметничката рака на нејзиниот сопруг Михаил Корубин. Таа на нејзиниот инстаграм ја сподели фотографијата, која инаку е нејзин портрет и е соодветно надополнување на нејзината музика, создавајќи од „Извор“ комплетно уметничко дело.
Каролина со својата концертна промоција изведена светски и квалитетот кој го нуди уште еднаш го потврди своето место на врвот на македонската музичка сцена.