Категории

Ким Кардашијан во фустан од три траки: Моден погодок или пак не?

Ким Кардашијан (38) во неделата прошета во винтиџ фустан од 1998. година од Тери Милер. Исечениот фустан има деколте кое буквално открива сѐ.

Ријалити ѕвездата опуштено шетала ризикувајќи да им ги покаже голите гради на папараците. На нозете носела високи потпетици кои ги дизајнирал нејзиниот маж.

Косата ја врзала во висока пунџа, а накитот овој пат го оставила дома. Со шминка сведена на минимум доприлена нагласувањето да се задржи на фустанот. Нејзиниот маж, Кание Вест не се појавил на настанот, а Ким дошла во придружба на Крис Апелтон, нејзиниот фризер.

Ким во еден момент се пошегувала дека изгледаат како да одат на матурска прослава.