Категории

Клучни правила за нега на кожата во лето кои не смеете да ги занемарувате

Кожата во текот на летните месеци бара поинаква нега отколку во остатокот од годината. Доколку ги занемарувате овие совети, вашата кожа ќе биде сува и дехидрирана

Жените многу често се среќаваат со проблеми на кожата како што е сувост и дехидрираност, кожа без сјај или појава на акни. Еве околу што треба да водите грижа со цел да ја дочекате есента со блескав и негуван тен.

Треба да знаете дека коажта во текот на летните месеци бара поинаква нега отколку во остатокот од годината, ова се најчестите грешки кои многумина ги прават.

Не нанесувате крема на цело тело
Кожата во лето е склона кон исушување па поради тоа немојте да штедите на произдводи за хидратација. Кога нанесувате крема или лосион, немојте да заборавите на деловите на телото кои често ги ставаме во втор план како што се стапалата, пазувите или линиите на бикините.

Погрешно нанесување на крема со УВ заштита
И кожат апод облеката е изложена на сонце. Со тоа, се препорачува нанесување на крема на целото тело или носење на облека со заштите од сонце. Кожата и под облеката е изложена на УВ зрачењето а со тоа е подложна кон стареење и создавање на пигментирани флеки и пеги.

Заборавате на пилингот
Пилингот е одличен сојузник за постигнување на негувата кожа затоа што ги отстранува изумрените клетки на кожата и нечистотиите. Процесот на ексфолијација и е потребен на кожата и на целото тело, не само на лицето. Нежниот пилинг е доволно да се направи еднаш неделно, а личностите со чувствителна кожа треба да бираат благи пилинзи кои се нежни за кожата.

Не пиете доволно вода
Високите температури и престојот на отворено ја поттикнуваат внатрешната дехидратација која може да предизвика главоболка и вртоглавица па затоа е исклучително важно да внесувате доволно вода. Стручњаците препорачуваат осум чаши вода дневно.

Прегледи:
733
Објавено на:
13.08.2020