Огледувај се на луѓето што се грижат. На оние што остануваат со нежно срце во светот што можеби не е секогаш љубезен кон нив.
Огледувај се на луѓето кои прават се што треба да сторат за да стигнат до утре – луѓето кои стануваат наутро кога не сакаат, луѓето кои се соочуваат со раните во нив, луѓето кои работат секој еден ден да бидат нежни и меки со самите себе кога ќе им бидат дадени илјада причини за да бидат сурови.
Огледувај се на луѓето кои веруваат во нешто надежно; луѓе кои чувствуваат сè интензивно и не се плашат од чувствата. Огледувај се на луѓето кои извикуваат љубов од покривите, кои го споделуваат своето срце со светот. Огледувај се на секој што се бори – да биде подобар, да се излекува дури и кога го боли, се бори да верува со сè што има во себе и верува дека има цел тука, знае дека припаѓа тука, и заслужува да го завземе просторот.
Знам колку храброст е потребна за да се биде таков човек, колку храброст треба да се да се продолжи напред, но зарем да се биде храбар да се ризикува не е највредното нешто во свет каде многумина избираат да се повлечат пред тешкотијата?