Категории

Кога ќе те остават и заборават – тогаш ќе ги научиш најважните животни лекции

Ќе научиш дека понекогаш можеш да се обидеш да му објасниш нешто на некому, но луѓето тоа можат да го сфатат дури кога ќе им се случи нив.

Ќе почнеш да сфаќаш дека на крајот само ти можеш да си помогнеш на себеси и тогаш ќе почнеш активно да ги решаваш проблемите.

Полесно ти е кога не разговараш за некои нешта затоа што потсвесно почнуваш да очекуваш дека ќе ти се случат и се разочаруваш кога нема да се случи она што мислиш дека ќе се случи.

Сфаќаш на кому му е грижа, а кој само глуми. Во тешките времиња се познаваат вистинските пријатели.

Сфаќаш дека некои од твоите најдобри пријатели те познаваат вистински, само еден дел од тебе. Со други зборови, те сакааш кога си среќна, но не и кога си тажна.

Некои луѓе ги смалуваат твоите проблеми затоа што не се опасни по живот и затоа нема да те слушаат. Од такви луѓе бегај што можеш подалеку.

Почнуваш да бараш одговори наместо да бараш одобрување и решенија надвор од себеси. Тоа значи да правиш нешта спрема сопствена проценка.

Учиш како да бидеш одговорна за сопствениот живот. Ако нешто расипеш, ти си одговорна и не ги обвинуваш другите за сопствениот неуспех. Едноставно учиш како да ги водиш своите битки затоа што не секој е на твоја страна.

На тежок начин учиш како да се прифаќаш себеси. Тешко е да мислиш дека си сама, а уште потешко е да мислиш дека не си виновна за тоа. Мислиш дека си лош пријател, но на крајот учиш да не земаш некои нешта лично и да биде силен додека си сама.

Учиш да се носиш со осаменоста. Ги прифаќаш своите мисли, својата збунетост и стравови. На крајот стануваш бестрашна.

Почнуваш да сфаќаш дека секој има некоја улога во твојот живот, а некои луѓе немаат толку важна. Некои се тука само привремено и нема да бидат твои пријатели до крајот на животот.

Стануваш внимателна кога се во прашање идните врски. Веќе не веруваш толку многу, не се доверуваш лесно. Поставуваш граници со оние на кои твоето добро не им е во интерес.

Понекогаш е подобро на луѓето да не им кажуваш се за себе затоа што никогаш не знаеш како или кога ќе го искористат тоа против тебе.

Сфаќаш дека сама можеш да станеш од падот и не ти треба никого за да се потпреш.

Ова е тешка лекција, но најважна. Можеш да преживееш единствено сама затоа што некои луѓе сакаат да те повлечат на дното.

Прегледи:
666
Објавено на:
21.12.2019