Категории

Кој господари со своите мисли – господари и со својот живот

Кога човек ќе научи да господари со своите мисли, успеал во најважната битка, битката со самиот себеси.

Од нашите мисли зависат многу нешта за кои и не сме свесни. Кога човек ќе научи да господари со своите мисли, успеал во најважната битка, битката со самиот себеси. Затоа често се вели ако се победиш себеси, си го победил сиот свет.

Од нас самите и од нашите мисли, зависи нашето здравје, нашите мисли донесуваат здраво тело, секако од нашите мисли зависат и меѓучовечките односи, нашите љубовни и пријателски врски, работа, семејство, материјален просперитет, напредок и други нешта.

За да ги подобриме сите овие животни полиња, и да оствариме изобилство и просперитет, важно е пред се да работиме на себеси.
Колку време е потребо за тоа, зависи само од нас самите. Само на нас останува одлуката да тргнеме на патот кон промените, а кога еднаш ќе зачекорите на таа стаза и че почувствувате колку добрина ви пружи, нема повеќе никогаш да посакате ништо помалку, ќе сфатите дека го заслужувате и вие сте вредни за секое добро.

Едно од клушните нешта тука е промената. Патот на промената е единствениот вистински пат, а можеме да го нарекуваме и пат кон оздравување на душата, пат кон пронаоѓање на своето исконско битие, барање на себеси, исцелување на душата, зајакнување на внатрешносто битие. Пат кон ослободување на вистинската автентичност.

Нашиот внатрешен свет и нашето внатрешно богатство привлекува и друго богатство, тајната на успехот се наоѓа во нас, а нашата должност е секој ден да го откриваме.

 

 

Прегледи:
528
Објавено на:
27.01.2020