Категории

Која била тајната на убавината на Мерлин Монро?

Кога во една прилика била запрашана што носи во кревет, таа одговорила „Само пет капки Chanel 5“

Славната убавина и холивудска дива и ден денес се смета за една од најубавите жени во светот на сите времиња.
Норма Џин Мортенсон, позната под уметничкото име Мерлин Монро, се родила на 1 јуни 1926 година во Лоџ Анџелес. Оваа славна убавица и холивудска дива денес претставува икона на убавината и гламурот. Но во што всушност се криела вистинската тајна за нејзината убавина?

Негувата коса
Заштитен знак на познатата дива била нејзината платинеста руса коса. Таа во младите денови и на почеткот од нејзината кариера преминала од бринета во русокоса, и останала русокоса до крајот на својот живот. Таа исклучително ја негуваа својата коса и нејзините платинести локни кои се симбол на женственоста.

Блескава кожа
Одржувањето на кожата е клучно за убавината. Познатата убавица ја хидрирала својата кожа по цел ден а обавезно наутро и навечер. Таа користела креми кои содржат природни екстракти за нејзината кожа да изгледа блескава и свежа.

Мачкести очи
Овој едноставен трик прави спуштените капаци да изгледаат мачкесто и заводливо. Во својата козметичка торбичка таа постојано имала црн или кафеав креон, а не може да се забележи нити една слика каде што таа нема исцртани „мачкести“ очи.

Заносни црвени усни
Црвените усни биле дефинитивно уште еден нејзин заштитен знак. Мерлин користела „жешко“ црвена нијанса на кармин која најсовршено одговарала со нејзиниот блед тен и платинеста коса.