Категории

Која боја на коса ќе биде хит оваа есен?

Пристигнувањето на есента е нов почеток. По одморите и лежерните летни денови полека сите се враќаат во редовниот ритам на животот.

Се купува нова облека и секако многу дами се одлучуваат за промена на фризурата.

Ако ги следите трендовите сигурно ве интересира која боја на коса оваа есен ќе се бара најмногу по фризерските салони.

Станува збор за сивкаста омбре.

 Оваа нијанса најдобро ќе им стои на дамите кои имаат ладен подтон на кожата.

Она што е најзабележливо се светлите прамени преку кои е ставен прелив во сива боја па дури и во транспарентна сина.

Со оглед на тоа дека коренот на косата е многу темен, овие тонови тешко дека ќе им прилегаат на дамите со природно светла коса.

Но и за нив постои варијација на тема ? .

љ2

Природните русокоси можат своите бели прамени да ги направат сивкасти така што коренот ќе биде скоро еднакво сив како и останата коса.

Овие нијанси одлично ќе се прекршуваат на сонце.

Сепак за да дојдете до ваква боја на коса треба да се консултирате со фризер кој ќе умее бојата да ја измеша на вистински начин и кој ќе знае како правилно да ги извлече прамените и да им стави прелив.

Се надеваме дека ќе ја пронајдете својата инспирација…

 

Прегледи:
1730
Објавено на:
22.08.2016